Активност Соработка со експерти за инклузивно образование
Резултати
Идентификувани повеќе од 50 документи кои се однесуваат на инклузијата во училиштата:
-прирачници,
-брошури,
-истражувања,
-закони …..
Остварени средби со експерти за инклузивно образование:
-дефектолози,
-експерти од БРО,
-едукатори,
-рехабилитатори…..
Активност Вградување на достапни наставни материјали
Резултати
Развој и спојување на разновидни наставни материјали кои се универзално достапни, како што се Брајово писмо, преведувачи на знаковен јазик и други приспособливи дигитални ресурси, задоволувајќи ги различните потреби на учениците.
Развој на програма за Обука на наставници за инклузивни наставни методи.
Активност Обука за инклузивни наставни методи
Резултати
Реализирана 5 дневна обука на наставници. По 2 наставника од 10 училишта членки на здружението, по 1 наставник од 20 училишта од Србија.
Активност Соработка со експерти за инклузивно образование
За потребите на оваа активност во двете партнерски организации формирани се тимови кои работеа на истражување и прибирање на материјали кои се однесуваат на инклузијата, по што е направена анализа на собраните материјали и истражување за застапеноста на инклузијата во земјоделството. Анализирани се повеќе од 50 документи. Во рамки на оваа активност се направени и интервјуа со членови на стручна служба во училишта, експерти за специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби.
Активност Вградување на достапни наставни материјали
Во рамки на оваа активност креирана е матрица за обуката, односно програма за обуката, како и агендата за обуката.
Иако не било планирано во проектната апликација, од оваа подактивност произлезе и прирачник за инклузија во земјоделските училишта.
Agenda obuka Матрица за обуката мк Прирачник Инклузија – Cрпски Прирачник Инклузија МКД
Активност План за опфат и ангажирање на заедницата
Резултати
Секој наставник креираше листа со 10 училишта. организации, институции, компании…..
Креираната листа ги опфаќа организациите и активностите кои ги имаат овие организации на полето на инклузијата.
Идентификувани се 400 субјекти и нивните активности во полето на инклузијата.
Активност Партнерство со локални невладини организации и организации во заедницата
Резултати
Потпишани се моморандуми за соработка во полето на инклузија со локални НГО.
Секој наставник потпиша 5 партнерства со локални ентитети.
Потпишани се 200 партнерства со локални ентитети кои делуваат во полето на инклузијата.
Активност Сесии за подигање на свеста и ориентација
Резултати
Реализирани се кампањи и работилници за создавање свест за потенцијалните ученици и нивните семејства, фокусирајќи се на достапните можности и поддршка во рамките на програмата.
Секој наставник реализира 1 сесија со минимум 10 учесници.
Реализирани се 40 сесии со повеќе од 600 учесници на сесиите.
Поставени табли Еднакви можности за сите
Поставени се 30 табли во училиштата кои претендираат да бидат инклузивни