Blog

Your blog category

Трет транснационален состанок на партнерите во проектот на 20 и 21.02.2024 година Свети Николе

Трет транснационален состанок на партнерите во проектот
На 20 и 21.02.2024 година Свети Николе, се одржа третиот транснационален состанок на партнерите во проектот: Здружение на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија и Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, република Србија. Домаќин на состанокот беше Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал.
На состанокот партнерите направен е општ преглед на проектните активности, односно преглед на реализираните активности, постигнатите резултати, предизвици и иновативни содржини, планираните активности, административните и финансиските активности.
Разгледано е управувањето со проектот и документите за известување.
На состанокот се разговараше и за мониторингот на проектот и е направен преглед на следењето и евалуацијата на активностите и резултатите.
Разгледан е и планот за евалуација на квалитетот и е направен преглед на квалитетот и евалуација на реализираните активности
Разгледани се и активностите за дисеминација и комуникација и документите за известување
Се дискутираше и за подготовката на Финалниот проектен извештај.

Posted by drgshum in Blog, 0 comments

Завршен настан на проектот

На 31.01.2025 година во СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица се одржа завршен настан на проектот, на кој присуствуваа 40 претставници од сите училишта членки на Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал. На настанот презентирани се активностите и резултатите во проектот. Присутните на настанот покажаа голем интерес за активностите и резултатите од проектот, а особено за ефектите кои ги има постигнато проектот. Делувањето во полето на инклузијата треба да продолжи е општ заеднички заклучок.

Posted by drgshum in Blog, 0 comments

Собрание на Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал на 30.10.2024 година во Кавадарци

Собрание на Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал

На 30.10.2024 година во Кавадарци, Република Македонија се одржа одржа собрание на Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал. На состанокот се презентирани досегашните активности и резултати во проектот.

Разгледана е Агендата за престојната обука за инклузивни наставни методи во Србија и утврдени се критериумите за избор на учесниците на обуката.

 

Posted by drgshum in Blog, 0 comments

Втор транснационален состанок на партнерите во проектот се одржа на ден 18 и 19 Октомври 2024 година  во Александровац, Србија

Втор транснационален состанок на партнерите во проектот

Вториот состанок на партнерите во проектот се одржа на ден 18 и 19 Октомври 2024 година  во Александровац, Србија.

Разгледани се реализираните активности и резултатите кои се постигнати во изминатиот период

Нотирани се одредени активности кои треба да бидат комплетирани со цел комплетно завршување на активностите.

Дадени се насоки за активностите кои следат и период до кога треба истите да бидат завршени.

Заедничка оценка е дека дел од активностите треба да се доработат за да може  да се реализират активностите во наредниот период.

Особен акцент треба да се даде на обезбедување на доволни информации за потребата на наставниците за познавање на одредени алатки кои се користат при работа со деца со попреченост како што се Брајово писмо, знаковен јазик  и дигитални алатки.

Разработена е  предлог агенда за обуката на наставниците за инклузија.

Разгледана е и потребата  за развој на прирачник кој понатака ќе го користат наставниците и други заинтересирани. Прирачникот треба да содржи материјали за  инклузијата, методите во инклузивната настава и разработени примери за примена на инклузијата во средните училишта.

Обуката ќе се организира во периодот од 18-22 ноември 2024 година (пет работни дена) во Hotel Putnik Kopaonik, Jovana Cvijića 1, 36354 Kopaonik, Србија. Домаќин на обуката ќе биде Удружење средних школа на подручје рада пољопривреде, производња и прераде хране – Република Србија.

Наставниците кои ќе бидат учесници на обуката, по обуката ќе работат на

  1. Креирање на план за опфат и ангажирање на заедницата кој треба да ги опфати сите организации, институции и субјекти кои работат на полето на инклузијата.
  2. Развој на партнерства со локални невладини организации и организации во заедницата за да се идентификуваат маргинализираните ученици за стручно образование и обука заинтересирани за земјоделство и да го олеснат нивното вклучување во програмата
  3. Реализација на кампањи и работилници за создавање свест и обезбедување ориентациони сесии за потенцијалните ученици и нивните семејства, фокусирајќи се на достапните можности и поддршка во рамките на програмата.

Завршниот состанок во Македонија ќе се одржи до 31.01.2025 година. Овој состанок може да се комбинира и со завршниот настан, односно да се одржи во исто време.

На овој состанок треба да се презентираат научените лекции и да се дадат насоки за понатамошно нивно користење.

Дадени се информации за веб страната на проектот и потребата за медиумско покривање.

Дадени се идеи за гостување на локални тв и радио станици, настани и други манифестации.

Еден од предлозите е да се изработата табли за училиштата на кои ќе стои натпис „еднаков пристап и можности за сите“

 

 

Posted by drgshum in Blog, 0 comments

Презентација на проектот 02.10.2024 година во Скопје

Презентација на проектот
На 02.10.2024 година во Скопје, Република Македонија се одржа Втората регионална средба на земјоделско-ветеринарни училишта. На средбата учествуваа претставници од училишта од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.
Партнерите во проектот ги презентираа активностите и резултатите во проектот.

 

Posted by drgshum in Blog, 0 comments

Презентација на проектот 24-25.05.2024 година на Копаоник, Србија

Презентација на проектот
На 24-25.05.2024 година на Копаоник, Србија по барање на Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, Република Србија проектот беше презентиран пред членовите на собранието на здружението.
Членовите на собранието на Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, Република Србија покажаа голем интерес за активностите и резултатите во проектот.

 

Posted by drgshum in Blog, 0 comments

Прв транснационален состанок на партнерите во проектот

Прв транснационален состанок на партнерите во проектот

На 29 и 30.04.2024 година Свети Николе, се одржа првиот транснационален состанок на партнерите во проектот: Здружение на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија и Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, република Србија. Домаќин на состанокот беше Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал.

На состанокот партнерите се запознаа со проектот кој ќе треба да го реализираат во наредниот период. Проект е од Еразмус + програмата, Партнерства од мал обем во стручното образование и обука (KA210-VET-Small-scale partnerships in vocational education and training) со имеDiverse Paths in Sustainable Agriculture: Empowering VET Students (Различни патеки во одржливо земјоделство: зајакнување на учениците за стручно образование и обука, Различити путеви у одрживој пољопривреди: оснаживање ученика за стручно образовање и обуку).

Во проектот се планирани две активности:

1 Развој на инклузивна земјоделска програма лидер – носител на активноста Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија

2 Опсег и ангажирање на заедницата – носител на активноста Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија

Детално се разгледани активностите и резултатите кои се очекува да бидат постигнати во проектот.

Од понудените логоа на проектот избрано е:

Состанокот заврши со потпишување на договорот помеѓу патнерите во проектот.

 

    

Posted by drgshum in Blog, Новости, 0 comments