Трет транснационален состанок на партнерите во проектот на 20 и 21.02.2024 година Свети Николе

Трет транснационален состанок на партнерите во проектот
На 20 и 21.02.2024 година Свети Николе, се одржа третиот транснационален состанок на партнерите во проектот: Здружение на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија и Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, република Србија. Домаќин на состанокот беше Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал.
На состанокот партнерите направен е општ преглед на проектните активности, односно преглед на реализираните активности, постигнатите резултати, предизвици и иновативни содржини, планираните активности, административните и финансиските активности.
Разгледано е управувањето со проектот и документите за известување.
На состанокот се разговараше и за мониторингот на проектот и е направен преглед на следењето и евалуацијата на активностите и резултатите.
Разгледан е и планот за евалуација на квалитетот и е направен преглед на квалитетот и евалуација на реализираните активности
Разгледани се и активностите за дисеминација и комуникација и документите за известување
Се дискутираше и за подготовката на Финалниот проектен извештај.

Leave a Reply