Прв транснационален состанок на партнерите во проектот

Прв транснационален состанок на партнерите во проектот

На 29 и 30.04.2024 година Свети Николе, се одржа првиот транснационален состанок на партнерите во проектот: Здружение на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија и Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, република Србија. Домаќин на состанокот беше Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал.

На состанокот партнерите се запознаа со проектот кој ќе треба да го реализираат во наредниот период. Проект е од Еразмус + програмата, Партнерства од мал обем во стручното образование и обука (KA210-VET-Small-scale partnerships in vocational education and training) со имеDiverse Paths in Sustainable Agriculture: Empowering VET Students (Различни патеки во одржливо земјоделство: зајакнување на учениците за стручно образование и обука, Различити путеви у одрживој пољопривреди: оснаживање ученика за стручно образовање и обуку).

Во проектот се планирани две активности:

1 Развој на инклузивна земјоделска програма лидер – носител на активноста Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија

2 Опсег и ангажирање на заедницата – носител на активноста Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија

Детално се разгледани активностите и резултатите кои се очекува да бидат постигнати во проектот.

Од понудените логоа на проектот избрано е:

Состанокот заврши со потпишување на договорот помеѓу патнерите во проектот.

 

    

Leave a Reply