Новости

Собрание на Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал
На 30.10.2024 година во Кавадарци, Република Македонија се одржа одржа собрание на Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал. На состанокот се презентирани досегашните активности и резултати во проектот.
Разгледана е Агендата за престојната обука за инклузивни наставни методи во Србија и утврдени се критериумите за избор на учесниците на обуката.
Слики …

Втор транснационален состанок на партнерите во проектот
Вториот состанок на партнерите во проектот се одржа на ден 18 и 19 Октомври 2024 година во Александровац, Србија.
Разгледани се реализираните активности и резултатите кои се постигнати во изминатиот период
Нотирани се одредени активности кои треба да бидат комплетирани со цел комплетно завршување на активностите.
Дадени се насоки за активностите кои следат и период до кога треба истите да бидат завршени.
Заедничка оценка е дека дел од активностите треба да се доработат за да може да се реализират активностите во наредниот период.
Особен акцент треба да се даде на обезбедување на доволни информации за потребата на наставниците за познавање на одредени алатки кои се користат при работа со деца со попреченост како што се Брајово писмо, знаковен јазик и дигитални алатки.
Разработена е предлог агенда за обуката на наставниците за инклузија.
Разгледана е и потребата за развој на прирачник кој понатака ќе го користат наставниците и други заинтересирани. Прирачникот треба да содржи материјали за инклузијата, методите во инклузивната настава и разработени примери за примена на инклузијата во средните училишта.
Обуката ќе се организира во периодот од 18-22 ноември 2024 година (пет работни дена) во Hotel Putnik Kopaonik, Jovana Cvijića 1, 36354 Kopaonik, Србија. Домаќин на обуката ќе биде Удружење средних школа на подручје рада пољопривреде, производња и прераде хране – Република Србија.


Наставниците кои ќе бидат учесници на обуката, по обуката ќе работат на

  1. Креирање на план за опфат и ангажирање на заедницата кој треба да ги опфати сите организации, институции и субјекти кои работат на полето на инклузијата.
  2. Развој на партнерства со локални невладини организации и организации во заедницата за да се идентификуваат маргинализираните ученици за стручно образование и обука заинтересирани за земјоделство и да го олеснат нивното вклучување во програмата
  3. Реализација на кампањи и работилници за создавање свест и обезбедување ориентациони сесии за потенцијалните ученици и нивните семејства, фокусирајќи се на достапните можности и поддршка во рамките на програмата.
    Завршниот состанок во Македонија ќе се одржи до 31.01.2025 година. Овој состанок може да се комбинира и со завршниот настан, односно да се одржи во исто време.
    На овој состанок треба да се презентираат научените лекции и да се дадат насоки за понатамошно нивно користење.
    Дадени се информации за веб страната на проектот и потребата за медиумско покривање.
    Дадени се идеи за гостување на локални тв и радио станици, настани и други манифестации.
    Еден од предлозите е да се изработата табли за училиштата на кои ќе стои натпис „еднаков пристап и можности за сите“
    Слики …

Презентација на проектот
На 02.10.2024 година во Скопје, Република Македонија се одржа Втората регионална средба на земјоделско-ветеринарни училишта. На средбата учествуваа претставници од училишта од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.
Партнерите во проектот ги презентираа активностите и резултатите во проектот.
Слики …

Презентација на проектот
На 24-25.05.2024 година на Копаоник, Србија по барање на Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, Република Србија проектот беше презентиран пред членовите на собранието на здружението.
Членовите на собранието на Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, Република Србија покажаа голем интерес за активностите и резултатите во проектот.
Слики …

Прв транснационален состанок на партнерите во проектот
На 29 и 30.04.2024 година Свети Николе, се одржа првиот транснационален состанок на партнерите во проектот: Здружение на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија и Удружења средњих школа подручје рада пољопривреда, производња и прерада хране, република Србија. Домаќин на состанокот беше Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал.
На состанокот партнерите се запознаа со проектот кој ќе треба да го реализираат во наредниот период. Проект е од Еразмус + програмата, Партнерства од мал обем во стручното образование и обука (KA210-VET-Small-scale partnerships in vocational education and training) со имеDiverse Paths in Sustainable Agriculture: Empowering VET Students (Различни патеки во одржливо земјоделство: зајакнување на учениците за стручно образование и обука, Различити путеви у одрживој пољопривреди: оснаживање ученика за стручно образовање и обуку).
Во проектот се планирани две активности:
1 Развој на инклузивна земјоделска програма лидер – носител на активноста Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија
2 Опсег и ангажирање на заедницата – носител на активноста Здружението на средни училишта Тера Фитон Анимал, Република Северна Македонија
Детално се разгледани активностите и резултатите кои се очекува да бидат постигнати во проектот.
Од понудените логоа на проектот избрано е:

Состанокот заврши со потпишување на договорот помеѓу патнерите во проектот.
Слики …