Втор транснационален состанок на партнерите во проектот
Вториот состанок на партнерите во проектот се одржа на ден 18 и 19 Октомври 2024 година во Александровац, Србија.
Разгледани се реализираните активности и резултатите кои се постигнати во изминатиот период
Нотирани се одредени активности кои треба да бидат комплетирани со цел комплетно завршување на активностите.
Дадени се насоки за активностите кои следат и период до кога треба истите да бидат завршени.
Заедничка оценка е дека дел од активностите треба да се доработат за да може да се реализират активностите во наредниот период.
Особен акцент треба да се даде на обезбедување на доволни информации за потребата на наставниците за познавање на одредени алатки кои се користат при работа со деца со попреченост како што се Брајово писмо, знаковен јазик и дигитални алатки.
Разработена е предлог агенда за обуката на наставниците за инклузија.
Разгледана е и потребата за развој на прирачник кој понатака ќе го користат наставниците и други заинтересирани. Прирачникот треба да содржи материјали за инклузијата, методите во инклузивната настава и разработени примери за примена на инклузијата во средните училишта.
Обуката ќе се организира во периодот од 18-22 ноември 2024 година (пет работни дена) во Hotel Putnik Kopaonik, Jovana Cvijića 1, 36354 Kopaonik, Србија. Домаќин на обуката ќе биде Удружење средних школа на подручје рада пољопривреде, производња и прераде хране – Република Србија.
Наставниците кои ќе бидат учесници на обуката, по обуката ќе работат на
- Креирање на план за опфат и ангажирање на заедницата кој треба да ги опфати сите организации, институции и субјекти кои работат на полето на инклузијата.
- Развој на партнерства со локални невладини организации и организации во заедницата за да се идентификуваат маргинализираните ученици за стручно образование и обука заинтересирани за земјоделство и да го олеснат нивното вклучување во програмата
- Реализација на кампањи и работилници за создавање свест и обезбедување ориентациони сесии за потенцијалните ученици и нивните семејства, фокусирајќи се на достапните можности и поддршка во рамките на програмата.
Завршниот состанок во Македонија ќе се одржи до 31.01.2025 година. Овој состанок може да се комбинира и со завршниот настан, односно да се одржи во исто време.
На овој состанок треба да се презентираат научените лекции и да се дадат насоки за понатамошно нивно користење.
Дадени се информации за веб страната на проектот и потребата за медиумско покривање.
Дадени се идеи за гостување на локални тв и радио станици, настани и други манифестации.
Еден од предлозите е да се изработата табли за училиштата на кои ќе стои натпис „еднаков пристап и можности за сите“